Apply now »

ЈУНИОР КОМЕРЦИЈАЛИТА ЗА НАБАВКИ

Professional area:  Purchasing
Location: 

СКОПЈЕ, MK

Заврти нова страница исполнета со нови вкусови на искуство и не ја пропуштај можностa!

Оваа позиција може да биде твојот следен предизвик!

 

 

ЈУНИОР КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА НАБАВКИ

Локација: Скопје

 

 

АКО МИСЛИШ ДЕКА:

  • имаш систематичен пристап при работењето и си ориентиран кон детали;
  • си високо организиран/а и мотивиран/а да стекнеш нови знаења;
  • ги применуваш пропишаните процедури и важен ти е квалитет на извршените работни задачи;
  • си комуникативна, тимски ориентирана личност и те исполнуваат преговори со добавувачи;
  • ти е познато комерцијалното работење и планирање во производството;
  • имаш Високo образорание (пожелно Економски или Технолошки факултет);
  • имаш релевантни искуства во ЕRP системите (пожелно);
  • имаш напредно познавање на англискиот и солидно познавање на српскиот јазик;
  • имаш напредно познавање на MS Office пакетот (Excel);
  • поседуваш возачка дозвола Б категорија.

 

ТОГАШ ПОЗИЦИЈАТА ЈУНИОР КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА НАБАВКИ ТИ НУДИ МОЖНОСТ ДА:

  • вршиш набавка на производи и услуги зависно од потребите на правните лица и водиш евиденција за квалитетот и цената на производите;
  • бидеш во контакт со добавувачи и да ги анализираш нивните понуди за производите или услугите кои ги нудат;
  • нарачуваш производи од добавувачите, организација на увоз и комуникација со шпедицијата и државните органи околу потребните дозволи и постапки за увоз,
  • водиш евиденција за потребната документација за набавка од добавувачите (спецификации, сертификати и атестови), припрема на документацијата потребна за прием или рекламација, како и извоз на производи;
  • учествуваш во мулти-функционални тимови околу подготовките и реализацијата на набавките;
  • го координираш планот за набавка со планот за производство и потребни залихи, како и работата на производството, одржувањето, магацинот и набавките;
  • изработуваш налози за издавање на готови производи и потребни фактури за купувачите;
  • помагаш во подготовката на годишните планови за набавка на суровини и нивната динамика на имплементација;
  • по потреба ги дефинираш потребите и плановите на производството и истите ги усогласуваш со достапните ресурси, во согласност со постапките за нарачување на материјали.

 

ОД НАС МОЖЕШ ДА ОЧЕКУВАШ:

  • Атлантик Група ти нуди многу бенефиции; покрај стимулативна работна средина со најнова технологија и услови на работа, тука се и божиќница и регрес, како и бројни поволности за вработените (подароци и бенефиции).
  • Нашите вработени имаат на располагање низа различни едукации и развојни програми во согласност со деловните потреби.
  • Во Атлантик на нашите вработени им пристапуваме холистички и важно ни е да се чувствуваат добро во сите аспекти од својот живот и да постигнат баланс помеѓу приватниот и деловниот животAtlantic Body, Atlantic Mind, Atlantic Spirit и Atlantic Soul се различни програми кои ти овозможуваат да се посветиш на она што ти е важно, било да станува збор за спортски активности, едукации или волонтирање.
  • Сепак, она што е најважно не е напишано на хартија, ќе работиш во луѓе кои ја сакаат својата работа и функционираат како мускетарски тим – сите за еден, еден за сите!

 

Заинтересиран си? Пријави се и дај ни можност да се запознаеме.  

 

Атлантиковци

Apply now »