Apply now »

Key Account Manager

Professional area:  Sales
Location: 

MK

 

Сакаш да работиш со водечки регионални и светски брендови?

Те инспирира поврзаноста помеѓу маркетинг и продажба?

Тогаш имаме вистинска позиција за тебе!

МЕНАЏЕР ЗА КЛУЧНИ КУПУВАЧИ

 

АКО МИСЛИШ ДЕКА:

  • си аналитичен, проактивен, комуникативен и имаш изразени организациски и преговарачки вештини;
  • си комуникативна и упорна личност, насочена кон остварување на резултати, 
  • си одговорна и самоиницијативна личност која предлага нови идеи и решенија, 
  • ја сакаш тимската работа;
  • имаш повеќе од 3 години релевантно работно искуство во областа на управување со клучни купувачи;
  • имаш добро познавање на англиски и српски јазик за деловна коресподенција;
  • одлично го познаваш MS Office пакетот;
  • имаш дозвола "B" категорија.

 

ТОГАШ, ПОЗИЦИЈАТА МЕНАЏЕР ЗА КЛУЧНИ КУПУВАЧИ ТИ НУДИ МОЖНОСТ ДА:

  • бидеш одговорен/-на за остварување на зададените цели преку остварување на промет и профитабилност за еден од нашите брендови, со посебен фокус на клучните купувачи;
  • да бидеш одговорен за подготовката и преговорите со купувачите за соодветниот бренд;
  • бидеш одговорен/-на за сите процеси на продажба, дистрибуција и унапредување на продажбата кај клучните купувачи за еден од нашите брендови;
  • да управуваш со трејд маркетинг буџетот за соодветниот бренд преку поддршка и спроведување на трејд маркетинг активности и стратешки активации кон купувачите;
  • да бидеш во постојана комуникација и координација со претставници од брендот (принципалот) за кој си одговорен;
  • да вршиш редовни посети на терен, што подразбира следење и преземање активности за унапредување на позиции и удели за брендот за кој си задолжен;

 

ОД НАС МОЖЕШ ДА ОЧЕКУВАШ:

  • Атлантик Група ти нуди многубројни бенефиции; покрај месечен систем на наградување, тука се и божиќница и регрес.
  • На нашите вработени им стои на располагање широк дијапазон различни едукации и развојни програми во согласност со работните потреби.
  • Во Атлантик на вработените им пристапуваме холистички и важно ни е да се чувствуваат добро во сите аспекти на својот живот и да постигнат баланс помеѓу приватниот и деловниот животAtlantic Body, Atlantic Mind, Atlantic Spirit i Atlantic Soul се различни програми кои ти овозможуваат да се посветиш на она што ти е важно, било да станува збор за спортски активности, едукации или волонтирање.
  • Сепак, она што е најважно не е напишано на лист, ќе работиш со луѓе кои ја сакаат својата работа и функционираат како мускетарски тим – сите за еден, еден за сите.

 

 

 

Apply now »