Rabotnik vo proizvodstvo III - paker 1
Professional area:
Production
Location:
Makedonija, MK
Дали ви се допаѓаат производите на Гранд кафе?
Дали сте мотивирани да работите во средина која е технолошки напредна и сакате да бидете дел од тимот кој создава Гранд вкусови?
РАБОТНИК ВО ПРОИЗВОДСТВО - ПАКЕР
Локација: Скопје
AKO:
- Имате завршено средно образование - по можност техничко или технолошко училиште;
- Ги знаете технолошките и техничките процедури на производство;
- Сакате да научите нова технологија и начини на работа;
- Вредни сте, одговорни и имате организиран пристап кон работните активности;
- Ви се допаѓа динамична работна средина и ја гледате промената како предизвик;
- Со вашиот позитивен пристап кон работата придонесувате за добра атмосфера во тимот;
ТОГАШ ПОЗИЦИЈАТА РАБОТНИК ВО ПРОИЗВОДСТВО - ПАКЕР ТИ НУДИ МОЖНОСТ ДА:
- Ракуваш со производната опрема според соодветните технички упатства;
- Бидеш одоговорен за подесување на производната опрема;
- Преку соодветна едукација, да бидеш одговорен за самостојно отстранување на минимални технички недостатоци на производната опрема;
- Да го обезбедиш потребниот материјал за работа на производната опрема;
- Да вршиш контрола на квалитет на производите во согласност со интерните стандарди, прописи и методи;
- Да го пакуваш готовиот производ во соодветно збирно и транспортно пакување;
- Да извршуваш прегледи на производната опрема и нејзино чистење;
ОД НАС МОЖЕШ ДА ОЧЕКУВАШ:
- Атлантик Група ти нуди многубројни бенефиции; покрај месечен систем на наградување, тука се и божиќница и регрес.
- На нашите вработени им стои на располагање широк дијапазон различни едукации и развојни програми во согласност со работните потреби.
- Во Атлантик на вработените им пристапуваме холистички и важно ни е да се чувствуваат добро во сите аспекти на својот живот и да постигнат баланс помеѓу приватниот и деловниот живот: Atlantic Body, Atlantic Mind, Atlantic Spirit i Atlantic Soul се различни програми кои ти овозможуваат да се посветиш на она што ти е важно, било да станува збор за спортски активности, едукации или волонтирање.
- Сепак, она што е најважно не е напишано на лист, ќе работиш со луѓе кои ја сакаат својата работа и функционираат како мускетарски тим – сите за еден, еден за сите.
Заинтересиран/а си? Пријави се и дај ни можност да се запознаеме.
Атлантиковци