Specijalist vo Nabavka i upravuvanje na zalihi
North Macedonia, MK
Заврти нова страна исполнета со нови вкусови на искуство и не ја пропуштај оваа можност!
Специјалист за набавки и управување со залихи
Место на работа: Скопје
Улога на Специјалистот за набавки и управување со залихи:
- Следење на состојбата на залихите и учество во целокупниот процес на набавка на производи;
- Организација на транспорт за одреден бренд, координирање прием на роба и подготвување на сите потребни документи;
- Подготовка на документација за прием на роба, како и прием на роба;
- Внесување на целосни податоци за артикли во ERP систем (MIS) и активирање на продажбата на производите во постојана комуникација со колегите кои се поддршка за активирање и процесирање на матичните податоци
- Изработка на ценовниците во систем
- Изработка на извештаи поврзани со перформансите на одредени брендови
- Комуникација помеѓу шпедицијата, добавувачите, колегите од сите сектори кои се поврзани директно и индиректно со брендовите и колегите од магацин.
Вистинскиот кандидат:
- Има завршено економски факултет, факултет за бизнис логистика или факултет за транспорт и шпедиција
- Има минимум една година работно искуство на иста или слична позиција;
- Има познавање од MS Office;
- Има познавање од англиски јазик на средно ниво.
- Има возачка дозвола Б-категорија
За што се грижиме:
• Преку различни програми и пристапи „прилагодени на потребите“, обезбедуваме нашите вработени да се чувствуваат добро во сите аспекти од нивниот приватен и деловен живот
• Обезбедуваме широк опсег на едукации, како и можности за развој и кариера
• Преку квалитетно управување со перформансите и систем за наградување, секој вработен има еднаква можност да биде препознаен
• Сепак, најважното нешто е тешко да се пренесе со зборови: ќе работите во возбудлива мултинационална средина со луѓе кои ја сакаат својата работа и функционираат како тим.
Заинтересиран/а си? Пријави се и дај ни можност да се запознаеме.
Атлантиковци