СМЕТКОВОДИТЕЛ
Professional area:
Finance
Location:
MK
Додадете нови вкусови во вашата кариера и станете дел од тимот на Атлантик Група кој создава брендови сакани од генерации!
Сметководител
Место на работа: Скопје
Улога на сметководителот:
- Следење и доследна примена на книговодствените политики и законските прописи;
- Грижа за формална и содржинска исправност на податоците на фактурите од главната книга (усогласување на аналитичките и синтетичките евиденции);
- Усогласување на сметководствените евиденции со клучните и останатите купувачи.
- Дефинира шеми на книжење, ги книжи сите деловни промени во главната книга;
- Книжи извод, патни налози и останати пресметки во главната книга;
- Врши евиденција на основните средства, пресметка на амортизација, организирање на инвентар;
- Изработува месечни резервации, укинување на резервации и искалкулирани приходи и расходи, правилно разграничување на трошоците;
- Самостојно изработува месечни и годишни ДДВ пресметки, пресметка на данок на добивка и усогласување со даночната управа;
- Самостојно изработува извештаи за завод за статистика, НБРМ и извештај за јавна објава.
Вистинскиот кандидат:
- Има минимум 3 години работно искуство во сметководство;
- Има познавање од даночни прописи и сметководствени стандарди;
- Oдговорна личност со развиени организациони вештини,
- Kомуникативна личност што го исполнува соработката со колеги;
- Пожелно е да има завршено економски факултет;
- Има познавање на работа со компјутер – MS Office пакет.
За што се грижиме:
- Преку различни програми и пристапи „прилагодени на потребите, обезбедуваме нашите вработени да се чувствуваат добро во сите аспекти од нивниот приватен и деловен живот
- Обезбедуваме широк опсег на едукации, како и можности за развој и кариера
- Преку квалитетно управување со перформансите и систем за наградување, секој вработен има еднаква можност да биде препознаен
- Сепак, најважното нешто е тешко да се пренесе со зборови: ќе работите во возбудлива мултинационална средина со луѓе кои ја сакаат својата работа и функционираат како тим.
Заинтересиран/а си? Пријави се и дај ни можност да се запознаеме.
Атлантиковци